Општински вестиСкопје

Се расчистува патот од Нерези до Свети Пантелејмон

Од Општина Карпош информираат дека од пред 7 часот наутро екипи на општината интензивно работат на расчистување на патот од Нерези до Пантелејмон.

Скопје, 7 август 2020 (МИА) – Од Општина Карпош информираат дека од пред 7 часот наутро екипи на општината интензивно работат на расчистување на патот од Нерези до Свети Пантелејмон.

– Интензивните поројни дождови и ветришта што ја зафатија Општината и Градот деновиве, нанесоа намети од песок и земја долж коловозот кон манастирот Свети Пантелејмон во Горно Нерези, соопштуваат од општинската прес-служба.

Оттаму информираат дека повеќе од 40 комунални работници од Карпош во текот на целиот ден го расчистуваат коловозот од Средно до Горно Нерези, како и попатните паркинзи се до големиот паркинг околу манастирскиот комплекс.

– Притоа, се отстрануваат наноси од скршени гранки, земја и песок кој се собрале од поројните дождови и водите од Водно, соопштуваат од општината.

Посочуваат дека манастирскиот паркинг и коловозот се очекува целосно да бидат расчистени во текот на денешниот ден. фф/сп/

Back to top button
Close
Close