Дописници МКДОпштински вести

Се работи на отстранување на снегот во Тетовско

Во текот на денешниот ден службите за зимско одржување на патиштата при Општина Тетово работеа на патиштата кон потшарпланинските села, информираат од тетовската локална самоуправа.

Тетово, 1 април 2020 (МИА) – Во текот на денешниот ден службите за зимско одржување на патиштата при Општина Тетово работеа на патиштата кон потшарпланинските села, информираат од тетовската локална самоуправа.

– Во моментот се чистат патиштата: Шипковица – Бродец – Вешала – Бозовце, патишта во населбите Расадиште, Гајре и Лисец, како и патот Селце – Лавце и Вејце. За да се спречи замрзнувањето во вечерните часови, исчистените патишта се третираат и со сол, потенцираат од Општина Тетово.

Најдолгиот и најфреквентен планински патен правец, регионалната делница 1209 Тетово – Попова Шапка, се расчистува од снег од страна на тетовската секција на Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат).

Оттаму информираат дека патот е прооден, но постојано се работи на отстранување на снегот од коловозната лента со оглед на интензивните врнежи од снег. ас/аа/

Back to top button
Close
Close