Дописници МКДОпштински вести

Се проширува и осовременува пазарот на големо во Струмица

Пазарот на големо за земјоделски производи во Струмица се проширува и осовременува за да им понуди поголем простор за продажба на корисниците.

Струмица, 3 јули 2020 (МИА) – Пазарот на големо за земјоделски производи во Струмица се проширува и осовременува за да им понуди поголем простор за продажба на корисниците.

– Моментно се врши рамнење и тампонирање и се подготвува теренот за асфалтирање на површина од 11.600 метри квадратни. Паралелно со тоа вршиме изведување на водоводна инсталација и поставување на атмосферска и фекална канализација, рече Митко Костов, раководител на одделението „Градски пазари“ при ЈПКД „Комуналец“.

Покрај овие зафати, се планира и изградба на метална покривна конструкција на површина од 1.100 метри квадратни, јавен тоалет и поставување на колска вага за потребите на корисниците на пазарот.рт/фф/

Back to top button
Close
Close