Дописници МКДОпштество

Се продлабочува соработката меѓу библиотеките од Делчево и Пехчево

Со посета на мини-саемот на книги и литературни активности, библиотеките од Делчево и Пехчево, реализираа заеднички активности по повод Светскиот ден на книгата – 23 Април.

Делчево, 21 април 2021 (МИА) – Со посета на мини-саемот на книги и литературни активности, библиотеките од Делчево и Пехчево, реализираа заеднички активности по повод Светскиот ден на книгата – 23 Април.
Како што истакна директорката на матичната библиотека „Кочо Рацин“ од Пехчево, Габриела Костадинова, целта е продлабочување на соработката меѓу двете установи.
– Го посетивме Саемот на книги, кој неколку години успешно го организира локалната библиотека „Илинден“. Воедно, тука сме и да го одбележиме 23 април – Светскиот ден на книгата и авторското право. Можам да кажам „браво“ за тимот библиотекари кои со директорката неуморно работат, со што библиотеката во Делчево е доведена до совршенство. Ова е првиот чекор што го направивме за идна соработка. Се надевам ќе имаме уште многу вакви заеднички активности, рече Костадинова.
Од јавната библиотека „Илинден“ најавија возвратна посета на библиотеката во Пехчево.
-Во изминатите години ова е прва посета на нашите колеги од Пехчево. Се надеваме по завршувањето на пандемијата во иднина ќе реализираме повеќе заеднички активности преку одбележување на значајни настани од областа на книжевноста, рече директорката на библиотеката „Илинден“, Билјана Петровска.
Со одбрана поезија пред присуните се претставија членови на литературната секција при матичната библиотека „Кочо Рацин“ кои со свои дела, в петок ќе учествуваат на поетскиот фестивалот „Пролет, љубов, смеа“ што ќе се одржи во Свети Николе. вс/бак/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close