0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderДописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Се преврти автобус кај Кочани, шестмина повредени

Автобус се преврти попладнево околу 15 часот на влезот на Кочани кај хотел „Национал“ и заврши во отвор покрај железничката пруга. Според првичните информации, повредени се шест лица и итно се префрлени во Општата болница во Кочани.

Кочани, 24 септември 2019 (МИА) – Автобус се преврти попладнево околу 15 часот на влезот на Кочани кај хотел „Национал“ и заврши во отвор покрај железничката пруга. Според првичните информации, повредени се шест лица и итно се префрлени во Општата болница во Кочани.

Автобусот возел на релацијата Штип – Кочани и во моментот на несреќата немало поголем број патници. Неофицијално, возачот на автобусот се обидел да избегне возило што му го попречило патот, по што поради влажниот коловоз излетал од патот.

Увид во несреќата прави истражен судија, а сообраќајната полиција ги пропушта возилата наизменично. та/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close