0_Македонија.ПорталПолитика

Се предлага продолжен викенд карантин во Скопје, Штип, Куманово и Тетово

Воведување полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, во Општина Куманово, Општина Липково,Општина Штип, Општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Во сите останати градови полицискиот час да трае од утре (4 јуни) во 21 часот до задутре (5 јуни) до 5 часот наутро, додека во останатите денови да почнува од 16 часот и да трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Воведување полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, во Општина Куманово, Општина Липково,Општина Штип, Општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Во сите останати градови полицискиот час да трае од утре (4 јуни) во 21 часот до задутре (5 јуни) до 5 часот наутро, додека во останатите денови да почнува од 16 часот и да трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Ова се предлог-мерките кои Комисијата за заразни болести по денеска одржаниот состанок ќе ги достави до Владата, соопшти Министерството за здравство.

Предлог-мерките на Комисијата следат по зголемениот број новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјава.

На состанокот, што го свика министерот за здравство Венко Филипче присуствуваа членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи на кој се разговараше за понатамошното делување во насока на спречување на ширењето на заразата.

Дополнително на состанокот на претставниците на Министерството за внатрешни работи им беа укажани потешкотиите со кои се соочуваат екипите на терен во однос на пристап до луѓе за тестирање и прекршувања на мерката за самоизолација. Од службите на МВР беше побарана поголема ажурност, ефективно делување на терен, контрола и санкционирање на прекршувањата на мерките, стои во соопштението. рп/са/

Back to top button
Close
Close