Svet.SlajderСветСвет.Портал

Се повеќе заразени студенти во САД

Сè повеќе американски факултети се борат со голем број на студенти позитивни на коронавирусот само неколку дена пред почетокот на зимскиот семестар.

Вашингтон, 25 август 2020 (МИА) – Сè повеќе американски факултети се борат со голем број на студенти позитивни на коронавирусот само неколку дена пред почетокот на зимскиот семестар.

Поради зголемениот број на студенти позитивни на коронавирусот, одложено е отворањето на кампусите на многу универзитети.

Универзитетот Алабама соопшти дека 550 студенти и професори во кампусот се позитивни на коронавирусот, поради што градоначалникот на градот Тускалоза, каде што се наоѓа универзитетот, издаде наредба за прекин на предавањата на 14 дена и воведување на итни мерки во кампусот.

Овој универзитет не е единствениот пример за зголемување на бројот на заразени во американските кампуси.

Универзитетот на Јужна Калифорнија вчера соопшти дека повеќе од 100 студенти се во карантин бидејќи биле во контакт со заразени.

Слично е и на универзитетите во Охајо, Северна Каролина и многу други, поради што почетокот на зимскиот семестар е доведен во прашање. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close