Дописници МКДОпштински вести

Сè повеќе луѓе во Тетовско во изолација, поголеми проблеми нема

Во тетовскиот регион веќе има над 1 000 лица кои се во самоизолација, изолација со решение или државен карантин како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот меѓу населението. Градоначалничката Теута Арифи вели дека иако е голема бројката на лица, нема посериозни проблеми со прекршувањето на постапките за изолација.

Тетово, 23 јуни 2020 (МИА) – Во тетовскиот регион веќе има над 1 000 лица кои се во самоизолација, изолација со решение или државен карантин како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот меѓу населението. Градоначалничката Теута Арифи вели дека иако е голема бројката на лица, нема посериозни проблеми со прекршувањето на постапките за изолација.

– Неколкупати апелираме секој човек кој е позитивен коректно да ги пријави сите контакти, бидејќи тоа го прави за доброто на сите. Досега според информациите на МВР на состаноците на Кризниот штаб, бројот на луѓе во самоизолација, изолација и карантин е околу 1 000. Тоа е сериозна бројка, но досега не се пројавени поголеми проблеми, рече Арифи.

Според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за изминатото деноноќие заклучно со 7 часот утринава нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат им се изготвени на 71 лице, додека вкупно биле контролирани 963 луѓе. Изјави за самоизолација потпишале нови 10 лицa, а контролирани биле 215 личности. Во државниот карантин во капацитетите на Попова Шапка има 55 лица.

– Во периодот од воведување на вонредната состојба во нашата земја досега, на поширокото тетовско подрачје се регистрирани и 186 кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ со исто толку пријави за 434 сторители. Најмногу за прекршување на полицискиот час, но има и за непочитување на решенијата за изолација и самозолација, како и на протоколите за работа, соопштија од СВР Тетово.

За изминатото деноноќие и 78 лица добиле казни од по 20 евра за неносење на задолжителните маски за лице согласно член 6 од соодветната владина уредба. ас/аа/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close