Избрано

Сè повеќе екстремни десничари во германската војска

Воената разузнавачка служба моментално води истрага против 550 војници под сомнение дека им припаѓаат на екстремно десните кругови, изјави директорот за воено разузнавање (МАД) Криштоф Грам.

29 јануари 2020

Велт ам зонтаг, Берлин

Бројот на членови на германските вооружени сили кои ѝ припаѓаат на радикалната десница е во драстичен пораст, а во моментов против 550 војници на Бундесверот се водат истраги, објави „Велт ам зонтаг“.

Само лани се регистрирани 360 нови случаи 

– Воената разузнавачка служба моментално води истрага против 550 војници под сомнение дека им припаѓаат на екстремно десните кругови, изјави директорот за воено разузнавање (МАД) Криштоф Грам.

Тој предупреди на драстичниот раст на откриените случаи на војници кои покажале екстремно десничарски погледи на светот.

„Само минатата година се забележани 360 нови случаи, рече Грим.

Тој понатаму објаснува дека во 2019 година биле пријавени осум припадници на радикално десничарската сцена, а кај други 40 е откриен „недостиг на верност кон германскиот уставен поредок“.

Повеќе се меѓу специјалците 

Грам објасни дека особено голем процент војници со екстремно десничарски погледи биле откриени меѓу припадниците на специјалните сили.

„Процентот на војници со таков поглед на светот меѓу специјалните сили е пет пати повисок наспроти остатокот од Бундесверот“, изјави Грим.

Растот на откриени случаи на екстремно десничарската припадност се поврзува со реформите во рамките на МАД.

Оваа воено-разузнавачка служба пред две години беше критикувана од парламентарните партии за нејзиниот недостаток на ефикасност кога е во прашање откривање екстремни погледи кон светот за припадниците на Бундесверот. ез/

Back to top button
Close
Close