ЕвропаЕвропа.Портал

Се повеќе Британци сакаат германско државјанство со приближувањето на Брегзит

Се повеќе Британци сакаат да имаат германско државјанство, како што наближува излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Берлин, 13 декември 2018 (МИА) Се повеќе Британци сакаат да имаат германско државјанство, како што наближува излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Над 500 молби биле поднесени лани, што е огромен пораст во споредба со претходните години.

Процесот на Брегзит се очекува да започне во март 2019 година, а порастот на барањата за германското државјанство е сигнал дека Британците, кои живеат во странство, всушност не им веруваат на политичарите, вели Холгер Лерхоф од германската статистичка канцеларија.

Според Лерхоф, кој го раководи статистичкиот завод во Берлин-Бранденбург, барањата на Британците за германски пасош се зголемиле од 45 во 2015 на 178 во 2016 и 558 во 2017 година, што е сигнал за  недоверба во способноста на политичарите да го спроведат Брегзит.

Додека премиерката Тереза Меј патува низ Европа за да го обезбеди договорот за Брегзит, се повеќе и повеќе луѓе од Велика Британија минуваат процедура на натурализација во Германија.

Бројот на издадени ирски пасоши на жители од Велика Британија и Северна Ирска, исто така, достигна нов рекорд по референдумот во 2016 година за излез на Велика Британија од ЕУ.

Северна Ирска ќе ја напушти ЕУ заедно со останатиот дел на Велика Британија во март 2019 година, додека Република Ирска останува членка на блокот. ир/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close