Општински вестиСкопје

Се поставува нова урбана опрема во Општина Аеродром

Општина Аеродром деновиве почна да ги заменува старите клупи за седење со нови, кои имаат современ дизајн. Се врши замена и на старите канти за отпадоци кои се попрактични.

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Општина Аеродром деновиве почна да ги заменува старите клупи за седење со нови, кои имаат современ дизајн. Се врши замена и на старите канти за отпадоци кои се попрактични.

Како што соопшти Општината, поставувањето на новата опрема деновиве ќе се одвива на три локации во Ново Лисиче, и тоа во паркот „Нирнберг“, на булевар „Видое Смилевски Бато“ кај зградите 39, 41 и 43, како и на игралиштето „Печурка“ во близина на детската улица „Тоше Проески“.

– Активностите за уредување на јавните површини ќе продолжат и во наредниот период и на други локации на целата територија на Општината, со цел подигнување на нивото на хигиената, како и обезбедување почист и поквалитетен живот за граѓаните, се вели во соопштението. мс/дма/

Back to top button
Close
Close