Дописници МКДОпштински вести

Се полни модуларната болница во Велес

Во модуларната болница во склоп на велешката болница која поради напливот на Ковид пациенти повторно беше ставена во функција, вчера беа хоспитализирани четири пациенти, а денеска осум пациенти со Ковид-19.

Велес, 5 септември 2021 (МИА) – Во модуларната болница во склоп на велешката болница која поради напливот на Ковид пациенти повторно беше ставена во функција, вчера беа хоспитализирани четири пациенти, а денеска осум пациенти со Ковид-19.

Вкупно се хоспитализирани 58 пациенти, од кои 49 се потврдени позитивни, пет сомнителни и четири пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 32 пациенти.

– Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.

Починат е маж на 72-годишна возраст од Велес, позитивен, невакциниран, лекуван три дена на Инфективно одделение. Тој е 187 жртва во Велес и велешко од почетокот на Ковид пандемијата.

На Инфективното одделение се лекуваат 46, во Модуларна болница се лекуваат осум и на Интерното одделение четири пациенти.

За споредба вчера вкупно беа хоспитализирани 51, од кои 42 се потврдени позитивни, седум сомнителни во Велес и двајца пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка вчера беа 30, а денеска се 32 пациенти.

Моментално активни на болеста во Велес се 252 лица. ад/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close