0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Се подобрува уличната патна мрежа во делчевското село Град

Финишираат градежните работи за изградба на улиците крак 2 и крак 3 во делчевското село Град. Станува збор за улици во должина од над 400 метри, а финансиските средствата за овој инфраструктурен проект се обезбедени од општинскиот буџет.

Делчево, 2 март 2021 (МИА) – Финишираат градежните работи за изградба на улиците крак 2 и крак 3 во делчевското село Град. Станува збор за улици во должина од над 400 метри, а финансиските средствата за овој инфраструктурен проект се обезбедени од општинскиот буџет.

-Работиме за подобрување на квалитетот на животот на сите жители на нашата Општина, со оваа инвестиција се решава децениски проблем во село Град. Моите заложби се да ги решаваме приоритетите на жителите во секое населено место, истакна градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој изврши увид во градежните активности.

Најави и нови инфраструктурни проекти и во останати селски населби во општината.

-Со подобрување на временските услови започнуваме со реализација на она што е проектирано во буџетот, а што се однесува на подобрување на животот на жителите и од останатите селски населби, каде ќе решаваме голем број инфраструктурни проекти предвидени со годишната програма за работа, додаде Трајковски.

Со изградбата на двата улични крака мештаните од село Град очекуваат подобрување на пристапот и решавање на проблемот со калливите улици кои како што велат ги газеа со години. вс/см/

Back to top button
Close
Close