Дописници МКДОпштински вести

Се подобрува теренската инфраструктура на стадионот во Берово

Се подобрува теренската инфраструктура на градскиот стадион во Берово. Активностите како што информираат од клубот, се во насока на подобар старт на натпреварите, кои ОФК „Малеш“ ќе ги игра во рамки на Третата фудбалска лига.

Берово, 15 август 2020 (МИА) – Се подобрува теренската инфраструктура на градскиот стадион во Берово. Активностите како што информираат од клубот, се во насока на подобар старт на натпреварите, кои ОФК „Малеш“ ќе ги игра во рамки на Третата фудбалска лига.

-Веќе неколку дена интензивно работиме на подобрување на инфраструктурата на нашиот стадион. Покрај на теренскиот дел работиме и на вметнување бази од природна трева и хумусна почва во петерците кај головите. Воедно се уредува и вториот дел од трибините од страна на спортската сала, исечени се сите диви дрвја и високата трева околу заштитната ограда на стадионот, информираат од клубот.

Паралелно како што додаваат, екипата засилено се подготвува за настап во третото по квалитет натпреварување во фудбал.

-Екипата е составена претежно од домашни фудбалери, кои и минатата сезона беа дел од клубот. Засега тренираме на стадионот, а пред почетокот на првенството кое е закажано за средината на идниот месец, планирани се и неколку пријателски натпревари, додадоа од ОФК „Малеш“ Берово.

Тие се заблагодарија на поддршката на општината и комуналното претпријатие кои со свои екипи помогнаа во подобрувањето на инфраструктурата на Градскиот стадион во Берово. вс/ир

Back to top button
Close
Close