БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Се откажуваат парадите за грчкиот национален празник на 25 март

Откажување на сите паради што секоја година се одржуваат по повод националниот празник на Грција, 25 март, било одлучено на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министрите од владата со префектите на грчките периферии, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 11 март 2020 (МИА) Откажување на сите паради што секоја година се одржуваат по повод националниот празник на Грција, 25 март, било одлучено на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министрите од владата со префектите на грчките периферии, јави дописничката на МИА од Атина.

-За време на состанокот беше оценета ситуацијата во секоја периферија и беше одлучено да не се одржат парадите на 25 март, а во чест на националниот празник, мала делегација од локалната самоуправа да положи венци, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер.

На 25 март, во Грција се одбележува годишнина од почетокот на востанието против Отоманската империја во 1821, централната манифестација е во Атина каде што се одржува воена парада, а во другите градови, но и во атинските населби се одржуваат паради на учениците. ср/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close