0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Се осветлува влезот и излезот на Штип кон Радовиш и Струмица

Општина Штип почна со осветлување на еден од влезовите во градот, односно влезот од Радовиш и Струмица кон Штип, кај Ново Село.

Штип, 29 мај 2020 (МИА)Општина Штип почна со осветлување на еден од влезовите во градот, односно влезот од Радовиш и Струмица кон Штип, кај Ново Село.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој беше на увид во градежните работи рече дека станува збор за значајна инвестиција која ќе биде од корист на жителите на населбата Ново Село и ќе го потврдува епитетот на Штип – центар на источниот регион. На овој влез и излез од градот Штип ќе  бидат поставени 22 столбови од девет метри висина со лед светилки, во должина од над 600 метри, односно од мостот кај Ново Село до училиштето „Искра“.

Ова е значајна инвестиција за граѓаните, затоа што Штип како центар на истокот треба да го покаже тоа и на дело. Се работи за инвестиција од над 1,7 милиони денари со вклучено ДДВ, која ќе го подобри влезот на градот, вели Бочварски.

Тој додаде дека ваква инвестиција е направена и на влезот во градот од Скопје и од Велес, кај Кампус 4, што значи дека влезовите на Штип добиваат нов лик. вдј/вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close