Граѓански секторДописници МКД

Се опремува нов кабинет за прехранбена струка во гимназијата во Делчево

Во гимназијата во Делчево отпочнуваат активности за опремување на кабинет по хасап систем за потребите на хемиско- технолошката струка. Како што информираше Љупчо Прачковски, директор на делчевската гимназија, кабинетот ќе биде ставен во служба за потребите на хемиско-прехранбената струка.

Делчево, 5 ноември 2018 (МИА) – Во гимназијата во Делчево отпочнуваат активности за опремување на кабинет по хасап систем за потребите на хемиско- технолошката струка.
Како што информираше Љупчо Прачковски, директор на делчевската гимназија, кабинетот ќе биде ставен во служба за потребите на хемиско-прехранбената струка.
– Вредноста на овој проект е 450 илјади денари, а кабинетот се гради според хасап системот и ќе служи за применување на сите нормативи со што учениците ќе може максимално да се посветатат на воспитно образовниот процес преку работа со своите професори од прехранбената област, рече Прачкоски.
Додаде дека новиот кабинет ќе биде опремен најдоцна до Нова година, што значи дека во второто полугодие ќе може да се користи од страна на наставниот кадар и учениците. Средствата за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на гимназијата. вс/рп/

Таг
Back to top button
Close
Close