Svet.SlajderДописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Се одложија разговорите за формирање на нова словенечка Влада на чело со Јанез Јанша

За денеска закажаните разговори околу можноста за формирање на нова влада на чело со Јанез Јанша нема да се одржат. Првите луѓе на СДС (Словенечка Демократска Партија), СМЦ (Партија на Модерен Центар), НСИ (Нова Словенија) и ДеСУС (Демократска Партија на пензионерите во Словенија) на заедничка маса ќе седнат откако ќе бидат усогласени програмските приоритети и се утврди колку е реалната политичка моќ на секоја партија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Љубљана, 11 февруари 2020 (МИА) – За денеска закажаните разговори околу можноста за формирање на нова влада на чело со Јанез Јанша нема да се одржат. Првите луѓе на СДС (Словенечка Демократска Партија), СМЦ (Партија на Модерен Центар), НСИ (Нова Словенија) и ДеСУС (Демократска Партија на пензионерите во Словенија) на заедничка маса ќе седнат откако ќе бидат усогласени програмските приоритети и се утврди колку е реалната политичка моќ на секоја партија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Весникот Дело, утрово објави дека ваквиот развој на настаните доаѓа по очигледниот расцеп во партијата СМЦ. Имено вчера првиот претседател на партијата и министер за надворешни работи Миро Церар кажа дека тој не се гледа себеси во идна влада предводена од Јанша.

И министерката за труд Ксенија Клампфер ја напушти СМЦ и си даде оставка од позицијата потпретседател на партијата. Медиумите во Словенија анализираат дека ова е последица на преговорите кои претседателот на СМЦ Здравко Пошивалшек ги води со СДС на Јанша.

Во меѓувреме анализите покажуваат дека е се поизвесно сценариото зад кое стои премиерот во оставка Марјан Шарец за брзи предвремени парламентарни избори. ав/сд/

Back to top button
Close
Close