0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономијаОпштество

Се одбележува Светскиот ден на безбедна храна, над 600 милиони во светот се разболуваат од небезбедна храна

Повеќе од 600 милиони луѓе се разболуваат, а 420 илјади умираат секоја година како резултат на небезбедна храна загадена со бактерии, вируси, паразити, токсини или хемикалии, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. 

Скопје, 7 јуни 2020 (МИА) – Повеќе од 600 милиони луѓе се разболуваат, а 420 илјади умираат секоја година како резултат на небезбедна храна загадена со бактерии, вируси, паразити, токсини или хемикалии, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Денеска се одбележува Светскиот ден на безбедната храна кој беше востановен минатата година од страна на Органзиацијата на Обединетите нации. Целта е да се подигне јавната свест за безбедноста на храната и да се информира јавноста за важноста од превенирање и управување со ризиците поврзани со неа.

Кон оваа глобална иницијатива денеска се приклучува и Агенцијата за храна и ветеринарство од каде информираат дека и во услови на пандемијата со КОВОД -19, во земјава се реализираат сите активности од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните.

– Засилени се и инспекциските контроли како еден од приоритетите за грижа за здравјето на граѓаните и во услови на прогласена пандемија, кога граѓаните и операторите со храна функционираат во нови, досега непознати услови за живеење, но и за производство и трговија со храна, велат од АХВ.

Досега се спроведени над 14.700 инспекциски контроли, а како најчести недоследности се оние кои се однесуваат на неодржувањето на хигиената во објектите, неводењето на записи согласно HACCP  плановите за контрола на критичните контролни точки и неспроведувањето на мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

– Потврда на функционалноста на интегрираниот систем за контрола на безбедноста на храната на Агенцијата за храна и ветеринарство е фактот дека веќе 18 месеци не се евидентирани случаи на труења со храна, посочува АХВ.

Оттаму информираат дека со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се подигне безбедноста на храната на едно повисоко ниво во услови на пандемија донесени се сет препораки кои се однесуваат на транспортот на стоки во меѓународниот и внатрешниот превоз, како и на  безбедното пазарење  во маркетите, безбедноста при подготовката на храната во домовите и зголемувањето на безбедносните мерки во капацитетите за производство, преработка на храна, трговијата и угостителството. бак/ац/

 

Back to top button
Close
Close