Дописници МКДОпштински вести

Се намалува бројот на ученици во Македонски Брод

Од година во година бројот на ученици во Македонски Брод бележи континуирано намалување, а годинава се запишани најмалку првачиња од почетокот на овој век, потврди за МИА Гоце Стојаноски, директор на Основното училиште „Свети Климент Охридски“ во оваа општина.

Македонски Брод, 1 јуни 2021 (МИА) – Од година во година бројот на ученици во Македонски Брод бележи континуирано намалување, а годинава се запишани најмалку првачиња од почетокот на овој век, потврди за МИА Гоце Стојаноски, директор на Основното училиште „Свети Климент Охридски“ во оваа општина.

-Бројот на ученици во нашето училиште од година во година е се помал. Така  годинава ќе имаме  вкупно 458 ученици од прво до деветто одделение, што е за  43 ученика помалку во однос на 2017 година, кога во сите оделенија имавме вкупно 501 ученик. За жал, овој тренд не запира и за очекување е во наредните години да има понатамошно опаѓање на бројот на учениците, рече директорот Стојаноски.

Причина за негативниот тренд, според него, е се поголемото иселување на младите од градот и селата.

-Последните дваесетина години имаме зголемено иселување, пред се на помладите жители.Најизразено е иселувањето во странство, предничи Германија, во поголемите градови, доминантно во главниот град, додава Стојаноски.

Соопшти дека годинава се запишани  вкупно 40 првачиња, кои деновиве се тестираат од тричлена комисија составена од педагог, психолог и одделенски наставник. за/хс/

Back to top button
Close
Close