0_Македонија.ПорталОпштински вестиСкопје

Се миеја и дезинфицираа улиците во Карпош 4

Комуналните служби на Општина Карпош денеска ги миеја и дезинфицираа улиците во населбите Карпош 4 и Владо Тасевски (Млечен).

Скопје, 6 јуни 2020 (МИА) – Комуналните служби на Општина Карпош денеска ги миеја и дезинфицираа улиците во населбите Карпош 4 и Владо Тасевски (Млечен).

Полицискиот час, како што соопштија од Општината, се користи и да се исчистат улиците и паркинзите, кои во нормални услови се пофреквентни и чистењето се одвива побавно.

Утринава се уредувале и тревните површини во Влае, во близина на фудбалското игралиште.

Градоначалникот Стефан Богоев, со претставници од Општинскиот кризен штаб биле во обиколка низ Карпош. Заеднички заклучок, наведуваат од Општината, е дека карпошани го почитуваат полицискиот час и се придржуваат до мерките. мс/ац/

Back to top button
Close
Close