Дописници МКДОпштински вести

Се менуваат оштетените заштитни одбојници на тетовската обиколница

Деновиве се работи на отстранување и менување на оградата долж автопатот Скопје - Тетово - Гостивар, поточно во делот на тетовската обиколница.

Тетово, 13 март 2020 (МИА) – Деновиве се работи на отстранување и менување на оградата долж автопатот Скопје – Тетово – Гостивар, поточно во делот на тетовската обиколница.

Оградата или еластични заштитни одбојници се отстрануваат и заменуваат со нови од страна на Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“.

– Еластични заштитни одбојници се оштетени од сообраќајки и затоа е потребата да се менуваат. Нивната поставеност е важна, затоа возилата при судир во одбојниците со сила на удар од 100 килоњутни (максимално движење до 120 километри на час) може да поминат без потешки последици по патниците. Секоја поголема брзина и сила на удар претставувата поголема опасност од тотално оштетување на возилата и повреди на патниците, изјави Дејан Јовановски од тетовската секција на претпријатието.

Тековно се работи и на замена на делови од заштитната жичана ограда, како и расчитување на крупната вегетација и смет долж автопатот. ас/мс/

Back to top button
Close
Close