Дописници МКДОпштински вести

Се менува оштетеното осветлување кај Спомен-костурницата во Кавадарци

Се менува оштетеното осветлување кај Спомен-костурницата во кавадаречкиот градски парк. Од Службата за односи со јавноста при општината информираат дека стартува замена на оштетените рефлектори и канделабри, како и на дел од инсталацијата на јавното улично осветлување во тој дел на градот.

Кавадарци, 17 февруари 2020 (МИА) – Се менува оштетеното осветлување кај Спомен-костурницата во кавадаречкиот градски парк. Од Службата за односи со јавноста при општината информираат дека стартува замена на оштетените рефлектори и канделабри, како и на дел од инсталацијата на јавното улично осветлување во тој дел на градот.

– Оштетени се неколку рефлектори, на кои целосно им е искршено заштитното стакло, а кај други истото е распукано. Неодговорните лица направиле штета и на повеќето канделабри при што искршиле и оштетиле, лед светилки и кугли.

На новите ЛЕД-рефлектори сега е поставена и заштитна мрежа, со надеж дека ќе помогне во заштита на светлечките тела од намерните оштетувања со камења, соопштуваат од прес службата при локалната самоуправа.

Оттаму потсетуваат  дека преклани, општината  целосно го обнови јавното улично осветлување на спомен костурницата, како  и во градскиот парк.

– Општината и овојпат упатува апел до граѓаните, заеднички да го штитат општото добро во интерес на сите, а доколку забележат случаи на дивеење и оштетување, истите да ги пријават во повикувачкиот центар на телефонскиот број 13 300, велат од Службата за информирање при локалната самоуправа. свд/нд/

Back to top button
Close
Close