Svet.SlajderДописници СветСветСвет.Портал

Сејлс: САД ја прогласија „Руско империјално движење“ (РИД) за терористичка организација

Амбасадорот Натан Сејлс, координатер за прашањата на борбата со тероризмот во Стејт департментот, изјави дека ова е прв случај САД да прогласат некоја организација за терористичка, бидејќи застапува идеи за надмоќ на белата раса над другите раси.

Вашингтон, 6 април 2020 (МИА) – САД ја прогласија „Руско империјално движење“ (РИД) за терористичка организација, соопшти Њујорк тајмс повикувајќи се на висок претставник на Стејт департментот.

Амбасадорот Натан Сејлс, координатер за прашањата на борбата со тероризмот во Стејт департментот, изјави дека ова е прв случај САД да прогласат некоја организација за терористичка, бидејќи застапува идеи за надмоќ на белата раса над другите раси.

-Со ова покажуваме колку е сериозна администрацијата кон заканите што доаѓаат од овие групи. Ние го правиме она што досега не го направил никој од нашите претходници, изјави Сејлс.

Според весникот, Министерството за финансии на САД ги блокирало сите сметки на РИД во земјата и забранило склучување на договори меѓу Американци и нејзини претставници.

РИД, организаицја формирана во Русија, е поврзана со поддршка и тренинг на неонацистички групи за изведба на терористички напади во Русија и Скандинавија.

Екстремните националистички и десничарски групи се во подем во последните години, посебно по неколку такви напади во САД и по нападот во Крајстчерч, Нов Зеланд, кога маж застрела 51 лицe и сето тоа го емитуваше во живо на Фејсбук.

Напорите да се изнајде странска организација и да се прогласи за терористичка, па макар таа и да не преставува никаква опасност за САД, е политички чекор за да се прикаже дека администрацијата ја зема за сериозно опасноста од радикалните националистички и десничарски групи, наведува Њујорк тајмс. кб/сд/

Back to top button
Close
Close