0_Македонија.ПорталОпштество

Се изработува решението кое ќе бара законска измена со цел породилното отсуство да се продолжи

Во овој момент се изработува решението кое ќе бара законска измена со цел породилното отсуство да се продолжи, затоа што на мајките на кои им завршува во овој момент не може да ги запишат бебињата во градинките, истакна на прес-конференција министерот Филипче.

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Во овој момент се изработува решението кое ќе бара законска измена со цел породилното отсуство да се продолжи, затоа што на мајките на кои им завршува во овој момент не може да ги запишат бебињата во градинките, истакна на прес-конференција министерот Филипче.

Тој посочи дека во врска со тоа имале работни состаноци со претставници на Фондот за здравствено осигурување, за тоа се дискутирало и на состанокот на Централниот штаб во рамките на Владата.

– Веднаш по изготвувањето на решението ќе го соопштиме на јавноста за да се знае како треба понатаму да се постапува, додаде Филипче. рп/скс/

Back to top button
Close
Close