Дописници МКДОпштински вести

Се гради нов паркинг во Куманово

Привршуваат градежните активности за изградба на паркинг во непосредна близина на новоизградениот кружен тек во Куманово на влезот од градот, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности. Паркингот опфаќа 650 метри квадратни.

Куманово, 13 декември 2019 (МИА) – Привршуваат градежните активности за изградба на паркинг во непосредна близина на новоизградениот кружен тек во Куманово на влезот од градот, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности. Паркингот опфаќа 650 метри квадратни.

-По завршувањето на градежните активности кои се спроведуваат од кумановската компанија што го изгради кружниот тек, ќе се исцртаат паркинг местата, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Претходно, на влезот од Куманово беше изграден кружниот тек, прв во градот. За полесен пристап беа асфалтирани и крак од улицата „11 Октомври“ до влезот од градот, до крстосницата со „Србо Томовиќ“,  дел од булеварот „Трета Муб“ до крстосницата со „ЈНА“, а беше асфалитиран и влезот од градот од автопатот кон мостот на улица „Железничка“.

Паркингот е дел од проектот за изградба на кружниот тек, за кој општината одвои 19,7 милиони денари.

На овој дел од градот сместени се повеќе државни институции, меѓу кои и поранешниот Дом на армијата кој го користи МВР за издавање на лични документи, ТППЕ Куманово, подрачни единици на повеќе институции.ам/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close