Дописници МКДОпштински вести

Се гради крак од канализациска мрежа во делчевското село Град

Екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на крак од одводна канализација во делчевското село Град. Како што истакна директорот на ЈКП „Брегалница“, Стојче Стојковски, изградбата на одводната канализација ќе се реализира во неколку фази.

Делчево, 16 јануари 2020 (МИА) – Екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на крак од одводна канализација во делчевското село Град. Како што истакна директорот на ЈКП „Брегалница“, Стојче Стојковски, изградбата на одводната канализација ќе се реализира во неколку фази.

-Во првата фаза е предвиденo поставување профили во должина од 100 метри. Се очекува во брзо време да бидат завршени градежните работи за инсталација на мрежата, истакна Стојковски.

Интервенцијата на канализацискиот систем е согласно Програмата на Општина Делчево и ЈКП „Брегалница“.

– Исто така решавањето на проблемот беше потенцитан како приоритет од страна на жителите, со што се решава голем проблем во ова делчевско село поврзан со отпадните води и чистата животна средина, додаде Стојковски.

Претходно екипи на ЈКП „Брегалница“ интензивно работеа и на изградба на крак од канализациската мрежа во село Стамер. вс/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close