Дописници МКДОпштински вести

Се гради „Европска куќа” во Крива Паланка

Почнаа градежните активности за изградба на „Европската куќа" што ќе биде лоцирана во центарот на градот, на главната улица „Св. Јоаким Осоговски“, близу до општинската зграда.

Крива Паланка, 18 август 2020 (МИА) – Почнаа градежните активности за изградба на „Европската куќа” што ќе биде лоцирана во центарот на градот, на главната улица „Св. Јоаким Осоговски“, близу до општинската зграда.

-Крива Паланка наскоро ќе добие „Европска куќа“, проект што се реализира во рамки на програмата „ЕУ за тебе“. Во тек се интензивни градежни активности за адаптација на предвидениот простор, каде младите ќе можат да се дружат, да учат, да се информираат и да ги споделуват своите ставови и размислувања, да дискутираат, да гледат филмови и да организираат разни други културни настани. Овој простор ќе биде наменет за сите млади од градот и ќе врши улога на своевиден младински културен центар, информира службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.

За проектот се предвидени околу седум милиони денари и според планот, тој треба да биде завршен до крајот на годината. ид/рп/

Back to top button
Close
Close