0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Се градат првите улици во делчевската населба Басарица

Во тек е изградбата на првите улици во делчевската населба Басарица. Увид во текот на градежните работи денеска изврши градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски

Делчево, 9 јуни 2020 (МИА) – Во тек е изградбата на првите улици во делчевската населба Басарица. Увид во текот на градежните работи денеска изврши градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој изрази задоволство што се решава голем проблем за жителите од оваа населба кои со децении газеа кал и живееа во прашина.
– Во тек е првата фаза од изградбата на улиците, кои се пробиени и каде моментално се поставуваат рабници и се врши тампонирање по што ќе следува нивно асфалтирање. Конкретно во населбата Басарица се градат шест улици во должина од еден километар, односно со овој проект се опфатени околу 80 отсто од уличната мрежа во населбата. Со реализација на овој проект во голема мерка го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните, со што оваа приградска населба ќе прерасне во една урбана средина, како што и доликува, рече Трајковски.
Тој додаде дека претходно се изгради атмосферската канализација со што има целосно одводнување на населбата, а поставена е и фекална канализација на потегот Басарица-село Полето во должина од два километри.
-Вредноста на проектот, патна инфарструктура и канализација во населбата е околу 25 милиони денари, додека средствата се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, додаде Трајковски.
Од општината посочуваат дека се проектирани и останатите улици во населбата поради што во следниот период ќе се прават напори за комплетно заокружување на инфраструктурните проблеми во населбата. вс/вг/

Back to top button
Close
Close