0_Спорт.ПорталФудбал

Сејдини: Фудбалот се игра за фановите

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, преку социјалните мрежи најави дека е слушнат гласот на навивачите кои изминатите два дена бурно реагираа по промоцијата на новите дресови.

Скопје, 30 мај 2021 (МИА) – Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, преку социјалните мрежи најави дека е слушнат гласот на навивачите кои изминатите два дена бурно реагираа по промоцијата на новите дресови.

-Одиме на Европско! Напред Македонија! – напиша Сејдини и објави апликација со дресот со кој досега настапуваа македонските репрезентативци.

Ваквиот потег на Сејдини предизвика низа позитивни коментари во кои се поздравува доблеста на ФФМ да ги прифати барањата на навивачите. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close