Дописници МКДОпштество

Се чисти речното корито на Кумановка и Којнарка

АД Водостопанство подружница „Кумановско – Липковско поле“ во соработка со Општина Куманово почнаа со акција за расчистување на речните корита на Кумановка и Којнарка, информираа денеска надлежните од претпријатието.

Куманово, 24 јуни 2020 (МИА) – АД Водостопанство подружница „Кумановско – Липковско поле“ во соработка со Општина Куманово почнаа со акција за расчистување на речните корита на Кумановка и Којнарка, информираа денеска надлежните од претпријатието.

Коритото се чисти од трска, врби, шут, смет, со што ќе се овозможи непречен проток на водата.

– Чистењето се врши низводно 150 метри од мостот во населбата Средорек, се до Митев мост во должина од 1.500 метри. Вишокот на материјал и сметот се изнесува со камиони на соодветна депонија, информира директорот на подружницата, Оливер Илиевски.

Претходно, беше исчистено коритото на река Коњарка во должина од 3.000 метри, а во наредниот период се планира чистење на реката Кумановка на потегот од Митев мост до Проевце.

Расчистување на речното корито на Кумановка почна пред два дена и ќе трае наредните десетина дена. Подружницата за расчистувањето одвои 120.000 денари, додека Општина Куманово ќе учествува со изнесување на сметот до депонијата. ам/вј/

Back to top button
Close
Close