Дописници МКДОпштински вести

Се чистат речните корита и водотеци во Делчевско

Во Делчево во тек се активности за регулација на речните корита и водотеци. Активностите како што информираат од општината започнаа со чистење на дел од водотеците меѓу населбите Трети Реон и Расадник.

Делчево, 30 јануари 2020 (МИА) – Во Делчево во тек се активности за регулација на речните корита и водотеци. Активностите како што информираат од општината започнаа со чистење на дел од водотеците меѓу населбите Трети Реон и Расадник.

-Активностите се реализираат во согласност со годишната програма на општина Делчево за регулација на речните корита и водотеци, како и програмата на Јавното комунално претпријатие „Брегалница”.
Екипи и механизација на претпријатието денес го чистеа ендекот Грозданец, како и дивата депонија формирана во подрачјето на населбите Трети реон и Расадник, информираа надлежните.
Од делчевското комунално претпријатие и општината апелираа до граѓаните за поголема свест за чистата животна средина.
-И покрај тоа што пред неколку месеци се чистеше на споменатата локација, свеста никако да проработи. Затоа апелираме на разумност кај граѓаните, бидејки чистата животна средина е во интерес на сите нас, додадоа надлежните.
Со акцијата за чистење согласно годишната програма за работа на претпријатието и општината како што додадоа ќе се продолжи и во наредниот период, при што ќе бидат опфатени и други локации во близина на речните корита и водотеци. вс/бк/

Back to top button
Close
Close