Дописници МКДОпштински вести

Се чистат дивите депонии во Струмичко

Со чистење на најголемата дива депонија во Струмичко, пред влезот во селото Банско и истоимената бања, денеска почна чистењето на депониите.

Струмица, 25 февруари 2021 (МИА) – Со чистење на најголемата дива депонија во Струмичко, пред влезот во селото Банско и истоимената бања, денеска почна чистењето на депониите.

Според Бранко Ѓоргиев од струмичкото ЈПКД „Комуналец“, на депоните има секаков вид отпад, па дури и остатоци од домашни животни.

– Решивме да почнема од оваа дива депонија, бидејќи таа го нагрдува ликот на ова туристичко место. Во следниот период ќе продолжиме со чистење на такви депонии во сите населени места, рече Ѓоргиев.

Тој додава дека лани исчистиле 27 диви депонии, а од почетокот на годината, па до сега, се појавиле 21 депонии и тоа на местата од исчистените.

Од струмичкото комунално претпријатие најавуваат дека во наредните месеци ќе се врши и генерално чистење во градот и населените места. Покрај тоа, ќе организираат акција за собирање на кабаст и електронски отпад од домовите на граѓаните. рт/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close