Дописници МКДОпштински вести

Се асфалтираат повеќе градски улици во Крива Паланка

Во Општина Крива Паланка се работи на асфалтирање на повеќе градски и приградски улици. Комплетно е асфалтирана улицата „Јоаким Крчовски" во населбата Белево.

Крива Паланка, 14 мај 2020 ( МИА) – Во Општина Крива Паланка се работи на асфалтирање на повеќе градски и приградски улици. Комплетно е асфалтирана улицата „Јоаким Крчовски” во населбата Белево.
Асфалтирањето е дел од годишната програма за тековно одржување, реконструкција на улици и крпење на ударни дупки за 2020 година.
– Улицата „Јоаким Крчовски” од денеска е со нов лик. Завршена е комплетно активноста за која се издвоени околу два милиони денари. Покрај на оваа локација напоредно се работи и ќе бидат асфалтирани во текот на утрешниот ден уште две градски улици, а се работи и во неколку рурални средини во Градец, Габар и останати, согласно програмата. И во услови на криза, со домаќинско работење, двоиме од општинскиот буџет и инвестираме, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Од утре е планирано да биде спроведена и активност за крпење ударни дупки на повеќе оштетени сообраќајници во градот.
– Локалната самоуправа заедно со Јавното претпријатие „Комуналец” почна и со уредување на ул.„Момир Стојановски”. Со ова ќе се реши долгогодишниот проблем со пристапот на овие жители до своите домови, но и решавање на проблемот со атмосферска канализација, додаде Мицевски. ид/фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close