Дописници МКДОпштество

Се асфалтира пристапот до штипската модуларна болница

Во кругот на штипската Клиничка болница денеска се асфалтира патот кон модуларниот ковид објект, кој е издвоен и се наоѓа над одделенијата за педијатрија и инфективно.

Штип, 15 мај 2021 (МИА) – Во кругот на штипската Клиничка болница денеска се асфалтира патот кон модуларниот ковид објект, кој е издвоен и се наоѓа над одделенијата за педијатрија и инфективно.

Директорот на штипската Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев вели дека со сопствени средства се прави пристапот, со што ќе им се олесни пристапот на  возилата на Итната медицинска помош до објектот. Посочува дека деновиве значително е намален бројот на хоспитализирани пациенти во штипскиот Ковид центар.

-Денеска имаме 38 пациенти, од кои 30 се сместени во модуларната болница, којашто има постојана кислородна поддршка за пациентите, а осум пациенти се сместени на Инфективното одделение. Тоа значи дека нашиот Ковид центар е исполнет 38 отсто. Имаме драстично намалување на прегледите во дневната амбуланта, каде што имаме од 20 до 40 прегледи, вели Ѓеорѓијев.

Тој деновиве очекува дозвола од Министерството за здравство за да се испразни Инфективното одделение, кое треба да се реконструира со европски пари. Очекува поддршка и од соседните болници, да ги прифаќаат пациентите со цел непречено да се одвива реконструкцијата. вдј/бак/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close