ЕвропаЕвропа.Портал

СЕ: Алармантни трендови на влијание на ултрационалистичка и ксенофобна политика во Европа

Европа се соочува со шокантна реалност: антисемитски, антимуслимански и други расистички злосторства од омраза растат со алармантна стапка, при што најновиот пример е екстремистички напад во Ханау, Германија, убиени девет лица и повредени неколкумина.

Стразбур, 27 февруари 2020 (МИА) – Европа се соочува со шокантна реалност: антисемитски, антимуслимански и други расистички злосторства од омраза растат со алармантна стапка, при што најновиот пример е екстремистички напад во Ханау, Германија, убиени девет лица и повредени неколкумина. Ваквите ужасни дејства честопати се поттикнуваат со отровни зборови, а теориите на заговор се шират преку социјалните мрежи и интернетот, рече генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Таа вели дека ширењето на реториката на расистичките екстремисти „удира во срцето на демократиите“ и мора да биде запрено и оти земјите членки на СЕ мора да работат заедно за борба против растечката закана од десницата, вклучително и преку соработка со Европската комисија за борба против расизмот и нетрпеливоста (ЕКРИ) и спроведување на неговите препораки.

Извештајот на ЕКРИ посочува дека целите на долгогодишните предрасуди против дискриминација, ксенофобична реторика и насилство се муслимани, Евреи, Роми и црнци. ссм/

Back to top button
Close
Close