0_Македонија.ПорталДописници МКДПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Сеља во Дебар: Кај опонетот ДУИ се чувствува нервоза зашто е свесен дека губи

Под мотото „Сега е време“ изборен митинг вечерва во центарот на Дебар одржа коалицијата Алијаса за Албаниците-Алтернатива.

Дебар, 2 јули 2020 (МИА) – Под мотото „Сега е време“ изборен митинг вечерва во центарот на Дебар одржа коалицијата Алијаса за Албаниците-Алтернатива.

Заеднички именител на многуте обраќања беше дека промените доаѓаат на 15 јули со заокружување на бројот 5, кои ќе се вратат достоинството на Албанците и другите граѓани, ќе се обезбеди квалитетно образование, бесплатно здравтво, подобра иднина на младите за да останат тука во родниот крај.

Обраќајќи се пред голем број граѓани, лидерот на Алијасата за Албанците Зијадин Сеља ја образложи програмата која „целосно ќе биде остварена“.

-Програмата е составена врз основа на маките и потребите на граѓаните кои непосредно ги слушавме посетувајќи ги. Се што сме запишале ќе биде остварено зашто крајно време е да почне обновата. Албанците и другите граѓани немаат повеќе туку само еден живот и истиот сакаат да го живеат каде што се и тоа достоинствено. Доколку не ги реалзираме ветувањата, казнете не по една година на локалните избори,порача меѓу другото Сеља, кој вети и повторно разгледување на монтираните политички случаи и изнесување пред лицето на правдата на сите кои згрешиле по кој било основ.

Според него кај опонетот, ДУИ веќе се чувствува нервоза зашто е свесен дека губи.

Се обрати и лидерот на Алтернатива Африм Гаши, кој искажа убеденост дека Дебар ќе биде на страната на победата, на страната на Коалицијата, која, како што рече, ќе извојува голема победа.

-Секогаш кога доаѓам во Дебар се восхитувам на хармонијата во која се живее без оглед на партиска или друга припадност и сакам овој пример да го следат сите Албанци. За првпат се случува албанска коалиција да го слуша гласот на народот и на своите листи да има вредни луѓе, да има програма-книга која ќе биде тестамент за нашите ветувања, а потоа и нивна реализиација, рече Гаши.

Им порача на граѓаните на 15 јули да одат да гласаат заштитени, зашто, како што додаде, не ни е потребна победа со многу заболени, а не дај боже и починати.

Носителот на кандидатската листа на коалицијата за ИЕ 5 Сурија Рашити ги обвини ДУИ дека 18 години давале само попусти ветувања .

-Дебрани се карактеризираат со мудрост, трудољубивост а Дебар кој располага со природни богатсва и убавини, убавата Радика,Кораб, Дебарско Езеро,термоминерални води, доколку беше во друга држава во светот ќе беше атрактивно место за живеење. Али Ахмети 18 години доаѓа во Дебар и ветува и сега ќе дојде и повторно ќе ветува а градот и понатаму нема доволно вода за пиење, не го изградија ветениот систем за навдонување, младите бегаат.Затоа време е за промени. Гласајќи за нас, промените доаѓаат, порача Рашити.

Пред дебрани се претставија и кандидатите за пратеници во ИЕ5 од Дебар, Беким Поцеста и Зелфина Сеља, а се обратија и повеќе партиски претставници.вт/сст/

 

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close