Политички партии

СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи враќање назад, Северна Македонија продолжува по патот кон НАТО и ЕУ

Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа претставуваат директна закана за полноправно членство во НАТО, ЕУ перспективата и воопшто иднината на државата.

Скопје, 22 јануари 2020
Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа претставуваат директна закана за полноправно членство во НАТО, ЕУ перспективата и воопшто иднината на државата.
Токму политиките на СДСМ и Владата која ја предводи односно Договорот од Преспа и обезбедија на нашата држава столче во НАТО алијансата како 30 та земја – членка на најмоќниот сојуз во светот.
Без договорот од Преспа, нашето  столче во НАТО не би го имале.
Во период кога во Шпанија започнува последната ратификација на протоколот за наше членство во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ се заканува со ревидирање односно поништување на Договорот од Преспа.
ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто се овие закани против Договорот, зошто се овие закани против нашето членство во НАТО?
Затоа што ако нема Договор од Преспа-нема ниту членство во НАТО.
Јасно е, сите што заговараат укинување на Договорот заговараат и поништување на членството во НАТО што е директна опасност за државата.
Ставовите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се неодговорни, антидржавнички и спротивни на стратешките цели на државата.
Напроти ВМРО -ДПМНЕ и нивното деструктивно однесување, целата демократската јавност во нашата земја, СДСМ, заедно со сите политички и граѓански демократски капацитети тука се да потврдат и гарантираат дека Договорот од Преспа ќе создава иднина за нашата земја – таа иднина значи членство во НАТО, преговори за членство во ЕУ со заштитен македонски идентитет.
СДСМ нема да дозволи враќање чекор назад, Република Северна Македонија продолжува напред на прав пат, кон НАТО и ЕУ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close