
Скопје, 4 јануари 2020
Реалноста говори дека за 2,5 години СДСМ направи многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11, Мицкоски нека се подготви за пораз
11 години криминалниот режим во кој дел беше и Христијан Мицкоски ја пљачкаше државата, ја турна економијата на колена, а граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови.
Таквите криминални, погубни политики на ВМРО-ДПМНЕ и менторот на Мицкоски, Никола Груевски резултираа со пад на економијата од 1,8 отсто во последниот квартал од владеењето на режимот.
За само две и пол години, СДСМ преку одговорни политики успеа да ја врати довербата во економијата, да изгради стабилна и развојна економија со постојан раст од над 3,6 отсто.
За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите од скапите задолжувања завршуваа во белиот дворец и за криминални проекти, денес парите завршуваат кај граѓаните, а задолжувањето е двојно намалено и е со далеку поповолни стапки.
Тоа е разликата помеѓу расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорниот домаќински однос на СДСМ.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират што постојано се отвораат нови работни места, што се реализираат странски инвестиции без денар за скапи реклами, што невработеноста е на рекордно најниско ниво од 17,1 отсто, што проечната плата е зголемена за над 2.000 денари, а минималната за 5.500 денари споредено со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Реалноста говори дека за две и пол години СДСМ на секое поле направи многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години.
Понудата на Мицкоски во економијата е понуда за крадење од граѓаните, за богатење на функционери од белиот дворец, за криминални тендери на штета на граѓаните.
Затоа Мицкоски и ВМРО-ДМНЕ можат да се подготват за нов пораз на изборите, граѓаните ќе потврдат дека повеќе пари во семејствата е вистинскиот пат и нема да дозволат нивните пари повторно да завршуваат во белиот дворец.
На Мицкоски поважен му е белиот дворец од интересите на државата и граѓаните, затоа ќе загуби на 12 април
Христијан Мицкоски денеска уште еднаш покажа дека за него многу поважен е белиот дворец и имотот на ВМРО-ДПМНЕ отколку интересите на граѓаните и државата.
За Мицкоски поважно е наследството од неговиот ментор Никола Груевски отколку владеењето на правото. Затоа ниту тој, ниту ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат фер и демократско општество.
Напротив, тие нудат само обнова на режим, деструкција и лажни вредности.
Мицкоски кој до вчера лицемерно бараше потекло на имот, сега се противи на тоа што се испитува потеклото на имотот на неговата партија и белиот дворец, симболот на расипништвото и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е истата матрица на Груевски, да мислат едно, да зборуваат друго а трето да прават.
Јавноста го цени таквиот неодговорен однос на Мицкоски кон граѓаните и затоа и тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе загубат на изборите.
Граѓаните на 12 април ќе ја порасат деструктивната, распиничка матрица на ВМРО-ДПМНЕ и ќе потврдат дека сме на прав пат.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.