Политички партии

СДСМ: Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј упати директна покана до Заев додека беше премиер

ВМРО-ДПМНЕ соочени со извесен убедлив пораз на изборите и очај од немање на програма остануваат заглавени во деструктивната матрица. ВМРО-ДПМНЕ нема елементарна свесност за тоа што е важно за државата и граѓаните.

Скопје, 13 јануари 2020
ВМРО-ДПМНЕ соочени со извесен убедлив пораз на изборите и очај од немање на програма остануваат заглавени во деструктивната матрица.
ВМРО-ДПМНЕ нема елементарна свесност за тоа што е важно за државата и граѓаните.
Денеска, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, придружуван од претседателот на СДСМ, Зоран Заев оствари средба со вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј во седиштето на Цариградската Патријаршија во Истанбул.
Средбата е резултат на поканата што вселенскиот патријарх ја упати до Зоран Заев додека тој беше премиер на Република Северна Македонија, а додека се договараше нејзината реализација, во меѓувреме Оливер Спасовски беше избран за премиер во преодната влада.
Сите трошоци за патувањето со комерцијален лет, сите трошоци за сместувањето беа подмирени лично од претседателот Заев, нешто што беше незамисливо за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Јасна е разликата помеѓу одговорниот, државнички однос на Зоран Заев и СДСМ и деструктивното однесување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа граѓаните го гледаат и затоа на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close