Политички партии

СДСМ: Во кое својство командирот на единицата Тигар го придружува Мицкоски во фитнес центар?

Објавената видео снимка на социјалните мрежи, на која се гледа како Мицкоски со спортска опрема влегува со празен фитнес центар отвори повеќе прашања.

Скопје, 26 април 2020

Објавената видео снимка на социјалните мрежи, на која се гледа како Мицкоски со спортска опрема влегува со празен фитнес центар отвори повеќе прашања.

Недоговорното и несериозно однесување на Христијан Мицксоки за време на сериозна здравствена криза предизвикана од коронавирусот е одамна потврдено и тоа не е нешто ново.

Лагите на Мицкоски исто така. Заштитните ракавици и маски кои се гледаат на снимката како и облеката по кратки ракави води кон заклучок дека времето не е така одамна.

Но, објавената видео снимка отвора и сериозни дилеми за улогата на кадрите на Наќе Чулев.

Дали заедно со Мицкоски во финтес центарот е и Ивица Бисовски командирот на Единицата за специјални задачи Тигар, поставен од техничкиот министер Наќе Чулев?

Во кое својство Бисовски го придружува Мицкоски во фитнес центар?

Граѓаните очекуваат одговори зошто во време кога сите капацитети на полицијата треба да бидат ставени на располагање на граѓаните кадрите на Чулев се во функција на Христијан Мицкоски?

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close