Политички партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се очајни и во страв затоа што ќе одговараат

По носењето на Законот за Јавно обвинителство, стравот од одговорност за криминалите во белиот дворец кулминира.

Скопје, 21 февруари 2020

По носењето на Законот за Јавно обвинителство, стравот од одговорност за криминалите во белиот дворец кулминира.

ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски континуирано измислуваат и неуспешно се обидуваат да пласираат лажни вести и конструирани случаи за претседателот Заев и за членови на неговото семејство.

Ова е уште еден показател колку ВМРО-ДПМНЕ е безидејно и очајно поради неуспехот на извршителот Мицкоски да одбрани криминал.

Во отсуство на реални политики и мерки ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Христијан Мицкоски своето делување го базираат на валкана кампања, затоа што ништо друго и не знаат.

СДСМ е за правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ е за амнестија на криминалците, за обнова на режимот и изолацијата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ лаже, ние ја внесуваме државата во НАТО и ЕУ, додека од белиот дворец штанцаат лажни вести, ние зголемуваме плати, додека Мицкоски брани криминал, ние обезбедуваме правда.

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот диригент од Будимпешта нема да ја вратат државата чекор назад во изолација, режим и неказнивост.

Граѓаните се цврсто определени да го казнат лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close