Политички партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема што да понуди, освен политиканство и лажни вести

Скопје, 30 април 2020

Скопје, 30 април 2020

ВМРО-ДПМНЕ во ова време на здравствена криза во земјава и во светот, нема што друго да понуди, освен бесрамно политикантство и ширење лажни и неосновани вести.

Сега Наум Стоилковски ги повторува лажните обвиненија, кои ги вергла раководството на ВМРО-ДПМНЕ, прикривајќи ја својата неспособност.

Токму тендерот за ЈП Дрисла, за кој што обвинуваат е склучен од страна на кадарот на опозицијата, а јавноста знае дека ВМРО-ДПМНЕ се обиде криминално да ја приватизира Дрисла и да испумпува пари од депонијата.

Граѓаните знаат дека во време кога Владата предводена од СДСМ со сите сили се бори да го зачува јавното здравје и да го ублажи ударот на пандемиојата врз економијата, ВМРО-ДПМНЕ нуди само тешки лаги и неодговорно однесување.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

______________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close