Политички партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не разбира дека судските пресуди се работа на судството, а извештајот на Фридом Хаус дополнително ги демантира нивните лаги

ВМРО-ДПМНЕ е заглавено во својата криминална матрица, кога нарачуваше пресуди по телефон и именуваше судии од тефтерче, затоа нема капацитет да разбере дека судските пресуди се работа на судството, одосно на независни институции.

Скопје, 5 март 2020 

ВМРО-ДПМНЕ е заглавено во својата криминална матрица, кога нарачуваше пресуди по телефон и именуваше судии од тефтерче, затоа нема капацитет да разбере дека судските пресуди се работа на судството, одосно на независни институции.
Во секое демократско општество постои извршна, судска и законодавна власт.
Најновиот извештај на Фридом хаус е дополнителен демант на лагите што масовно ги пласира ВМРО-ДПМНЕ.
Извештајот на Фридом хаус покажува нов напредок на нашата земја, пред се во политичките права и граѓанските слободи токму заради политиките на СДСМ за градење слободна и демократска земја со независни институции.
Северна Македонија има рејтинг од 63 поени, од максимално можни 100, што е подобрување за 4 поени во споредба со ланскиот извештај.
Ова зголемување е најголемо во Европа и четврто најдобро во светот.
Извештајот посебно истакнува дека се поправи „антидемократското наследство на поранешниот премиер Никола Груевски“, шефот на Христијан Мицкоски.
Дополнително, Европската Унија ги потврди реформите во судството и констатираше дека е направен „значителен напредок при обезбедувањето на независноста на судството”.
Граѓаните прават јасна разлика меѓу СДСМ, кое е за правда и правичност и ВМРО-ДПМНЕ која шири лажни вести и се залага за обнова на криминалниот режим и изолација.
Затоа на 12 април граѓаните ќе потврдат дека се за ред, дисциплина и правда и јасно ќе порачаат: режим никогаш повеќе, монтирани случи никогаш повеќе… Сваровски судство – никогаш повеќе!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close