Политички партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират што државата добро се справува со коронавирусот и затоа го засилуваат деструктивното однесување

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират што државата добро се справува со коронавирусот и затоа го засилуваат деструктивното однесување Додека надлежните институции, здравствени работници, државни службеници, вработени во полицијата и војската и целата држава се бори против коронавирусот, безидејното ВМРО-ДПМНЕ тера политиканство во обид да добие евтини политички поени.

Скопје, 1 мај 2020 

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират што државата добро се справува со коронавирусот и затоа го засилуваат деструктивното однесување

Додека надлежните институции, здравствени работници, државни службеници, вработени во полицијата и војската и целата држава се бори против коронавирусот, безидејното ВМРО-ДПМНЕ тера политиканство во обид да добие евтини политички поени.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се фрустрирани што државата добро се справува со последиците од коронавирусот и таа фрустрација веќе не ја ни кријат

Во време кога борбата против глобалната пандемија побарува единство и заедничка заложба, истото ВМРО-ДПМНЕ проба да злоупотреби доктори од јавното здравство кои Христијан Мицкоски ги нарече “свои” и апсурдно ги нудеше на помош на јавното здравство каде и се вработени.

Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, искористување и злоупотреба на државни институции и ресурси за лични и партиски интереси. Тие поинаку и не знаат.

Соочени со добрите резултатите од досегашната успешна борба на државата против Ковид 19, поради што и се овозможува полека враќање на нормалниот тек на животот, ВМРО-ДПМНЕ уште повеќе се служат со лаги и манипулации, свесни дека никако не придонесоа во борбата против оваа глобална здравствена и економска криза.

Колку Игор Николов е загрижен за здравството најдобро покажува тоа што тој по само по неколку месеци ја напуштил позицијата во Клиниката за нефрологија и станал економски промотор во Франција, без никакво искуство во областа на економијата и маркетингот. Колкава количина на заштитна опрема можеле да се набават со парите кои се потрошиле за престојот на Николов и на целото негово семејство во Париз? Колку и какви инвестиции донесе Николов додека се шетал по Франција пратен од неговиот шеф Никола Груевски?

Граѓаните го препознаваат ова несериозно, лицемерно и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и многу добро знаат кој работи за заштита на нивното здравје, а кој очајно се обидува да профитира во време на тешка криза.

СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close