Оригинални текстовиПолитички партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е нервозна поради извесниот пораз и се обидува да бара алиби

Скопје, 11 април 2019

Скопје, 11 април 2019

Нервозната ВМРО-ДПМНЕ наместо очајно да бара алиби за убедливиот пораз кој им следува на претстојните претседателски избори треба да ги остави институциите да си ја работат својата работа.

Не можејќи да прифатат и да се помират со тоа дека денес институциите меѓу кои и Државната комисија за спречување корупција функционираат професионално, ВМРО- ДПМНЕ повторно се обидуваат да ги манипулираат граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како партијата симбол за злоупотреби, заплашувања и притисоци. Времето кога државните институции беа партиски испостави, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_______________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close