Политички партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ делеше тендери во партија и по телефон, денес конструира непостоечки случаи

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да лиферува измислици и  вештачки креирани сценарија, во врска со набавки во Министерството за одбрана.

Скопје, 21 февруари 2020

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да лиферува измислици и вештачки креирани сценарија, во врска со набавки во Министерството за одбрана.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ само го потврдува својот очај, безидејност и немањето што да им понуди на граѓаните, освен лаги и измислени конструкции.

Извршителот Мицкоски знае дека го чека пораз на 12 април и одговорност за сите криминали на режимот. Затоа штанца лажни вести.

Машините за кои обвинува ВМРО-ДПМНЕ, се набавени во јавна тендерска постапка при што до крај се испочитувани сите законски одредби.

За разлика од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ денес постапките се транспарентни и секоја компанија има можност да конкурира, денес тендерите не се даваат во партија, цените не се договараат тајно и по телефон, како во времето туку со јавно објавени постапки.

Тоа за опозицијата е несфатливо, но тоа е почитување на законот.

Затоа, граѓаните на 12 април ќе го поразат лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close