Политички партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира работата на Собранието на штета на граѓаните

Мицкоски сака да ја блокира земјата, да ја блокира иднината ама не може.

Скопје, 1 декември 2020

Мицкоски сака да ја блокира земјата, да ја блокира иднината ама не може.

Мицкоски сака да ја блокира работата на Собрание за да не се носат закони важни за граѓаните.

Мицкоски се обидува да ги блокира ваучерите од 6.000 денари за пензионерите, корисниците на право на социјална сигурност, самохрани родители, деца без родители, уметници, филмски работници.

Мицкоски се обидува да ја блокира финансиската поддршка за намалување на ковид последиците за земјоделците и лозарите.

Мицкоски е толку неспособен што не знае да менаџира ниту со неговата партија која ја доведе пред стечај.

Со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, белиот дворец.

Хистеричниот Мицкоски одработува за странски интереси на штета на својот народ но нема да успее.

Граѓаните, заедно со СДСМ нема да дозволат Мицкоски да ја блокира нашата татковина, нема да дозволат да ја блокира македонската иднина!

Центар за комуникации на СДСМ

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close