Политички партии

СДСМ: Владините мерки обезбедуваат помош за 250.000 работници и 35.000 компании, се бориме за секое работно место

Коронавирусот комплетно го промени начинот на кој фунцкионира светот и никој не е поштеден. И нашата земја како дел од глобалната криза која го зафати светот, покрај здравствените се соочува и со економски предизвици.

Скопје, 3 април 2020

Коронавирусот комплетно го промени начинот на кој фунцкионира светот и никој не е поштеден. И нашата земја како дел од глобалната криза која го зафати светот, покрај здравствените се соочува и со економски предизвици.

Владата на Република Северна Македонија донесе втор сет на економски мерки, вреден 200 милиони евра, кој има јасна цел – да се ублажи економскиот удар од корона вирусот и да им се помогне на граѓаните, на работниците, на компаниите, на сите на кои им е загрозена финансиската состојба.

Со цел да се  зачуваат што повеќе работни места, Владата предводена од СДСМ, обезбедува директна помош во исплата на месечен приход-плата за месеците април и мај при што опфатени се околу 250.000 работници и околу 35.000 компании, кои имаат директна штета од коронавирусот.

Истовремено, Владата донесе и одлука за забрана за нови вработувања и нови ангажирања во јавниот сектор. Донесена е и одлука, сите средства од заштеда од непродуктивните трошоци да се пренаменат за справување со здравствено-економската криза.

За спортските работници вработени во спортските здруженија, како и самостојните уметници е  обезбедена минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.

Граѓаните што останале без работа ќе земаат 50% од просечната плата што ја имале кога биле вработени. Додека пак, лицата од неформалната економија кои останале без приходи се обезбедуваат по по 7000 денари помош од државата за месеците април и мај. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 20.000 нови домаќинства, кои веднаш ќе влезат во системот на социјална заштита, како и 30.000 веќе постоечки корисници.

Ова е тежок период за сите нас, но само заедно, сплотени и солидарни можеме да ја победиме оваа криза. За таа цел се формира и солидарен фонд за помагање на здравјето на граѓаните и други социјални потреби на граѓаните.

СДСМ покажа како преку исправни политики, истрајност и посветеност се рушат сите бариери и се постигнуваат зацртаните цели.

Затоа веруваме дека сите заедно и овој пат ќе успееме да се избориме и со здравствената и со економската криза!

Со почит,
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close