0_Македонија.ПорталПолитички партии

СДСМ: Со новиот Закон за извршување износот од 1/3, се намалува на 1/5 од просечните примања

СДСМ продолжува со реализацијата на одговорните политики кои обезбедуваат подобар животен стандард за граѓаните. На вчерашната собраниска седница парламентарното мнозинство, на предлог на Владата предводена од СДСМ, ги изгласа измените на Законот за извршување кои се особено во интерес на загрозените категории на граѓани.

Скопје, 17 јануари 2020

Новиот Закон за извршување обезбедува целосно изземање од присилното извршување на примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита,примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на старите лица.

Со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана од примањата на граѓаните.

Наместо досегашните 1/3 од примањата, износот кој може да биде извршен се намалува на 1/5 од плата или пензија за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија.

Примената  на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните.

Трошоците кои ги плаќаат граѓаните мора да бидат намалени и разумни, а не енормни, само така ќе изградиме фер и праведно општество.

СДСМ како одговорна партија спроведува политики кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, зголемување на семејните буџети и подобар животен стандард за сите.

Центар за комуникации со јавноста – СДСМ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close